настане (гл.) - во (предл.)

Спорот настана во 2005 година, при трансформацијата на ЈП „Македонски железници“ во две нови претпријатија: АД „МЖ Транспорт“ (во државна сопственост, со намера за идна приватизација или концесија) и ЈП „МЖ Инфраструктура“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3.  Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури еден нивен колега – кога го прочита своето име на „црниот список за 47 бркање“ – во очај се фрли на пругата и беше прегазен од возот на претпријатието во кое работеше сиот свој работен век!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, штетата настаната во врска со опасен предмет, односно опасна дејност, се смета дека произлегува од тој предмет, односно дејност – освен ако се докаже дека тие не биле причина за штетата (чл. 159, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притоа, како најприфатлива се истакнува веројатноста кириличното писмо да е настанато во Преславскиот книжевен круг (Бугарија), а како негови автори се набројуваат Методиј, Климент, Црноризец Храбар, цар Симеон и други лица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со опстојувањето на знаците без фонетско значење во редоследот на алфабетот, системот на бројни вредности ја игра улогата на фактор за зачувување, кој се спротиставува на секаква промена на наследениот редослед на графемите во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Христијанската култура во Египет се оформува веќе врз почвата на домашниот новоегипетски коптски јазик, кој од сложениот систем на египетската демотика преминува кон нов систем на писмо, заснован врз грчкиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наспроти бројните нејаснотии и разидувања, во славистичката наука е далеку позастапено и, на некој начин, поаргументирано е мислењето за предимството на глаголицата пред кирилското писмо, за кого се претпоставуваат повеќе места на настанок и повеќе творци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Коптското писмо проистекува од варијанта на грчко унцијално писмо, настанато во првиот век од н.е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Каква збрка би настанала во таков случај!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Всушност, Џармановиот општ став кон сликарството може да се прочита од следниот цитат: “Не верувам во тоа дека сликата некому му носи откритие; тоа се случува во самиот процес.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џарман сликите ги изработува брзо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Своето интензивно враќање кон сликарството, во 1986 самиот Џарман го образложува како еден вид терапија што ја применува на себе откако дознава дека е ХИВ-позитивен. Paintings from a Year е серија слики настаната во текот на една година, со почеток од август 1986 во периодот во кој Џарман правел три платна неделно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но имајќи го во вид фактот дека тој починал цела половина век пред да ја завојуваат Турците Потковицата, а и она, со тефтерот Акиноски, дека неа ја поседувале Акиноските уште одамна пред да биде завојувана од страна на Турците, може да се претпостави дека Загориче било основано во првите векови по населувањето на Славјаните во границите на Византија, може во 10. или 11. век, односно многу порано од она што го тврди науката дека пелагонските населби и села настанале во 17. и 18. век, групирајќи се околу турските чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тоа упатува, покрај тефтерот Акиноски, и последниот пишан документ во кој населбата во Потковица за последен пат се споменува со старото име - Загориче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И покрај мојата наклонетост кон таканаречените олеснителни околности искрено речено сметав дека ваквата увереност на Даскалов не му соодветствува на она што се случило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Даскалов не отстапуваше: „Можеш да мислиш што сакаш, но јас сум уверен дека Иван е плод на здрава љубов, за жал настаната во чудно време во кое на љубовта не и било дадено да одлучува“, ја разлагаше Даскалов упорно својата теорија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Навистина постои нешто соновидно во читањето на хиперлитературата, бидејќи тоа е чуден простор, тоа хиперместо, многу послично на внатрешниот отколку на надворешниот простор, простор кој не им припаѓа на координатите, туку на фантазијата без обем.“ (Robert Coover) оберт Кувер, познатиот американски писател, во својот текст „Крај на книгите“ (“The End of Books” - The New York Times, June 21, 1992), кој би можел да се нарече програмски на еден специфичен начин, и во прилично обемната статија со наслов “Хиперлитература: романи од компјутер“ (“Hyperfiction: Novels for the Computer” - The New York Times, August 29, 1993.), зборува за една појава настаната во Америка во рамките на постмодерната, па потоа проширена и во Европа и Јапонија, и чиешто, можеби, наједекватно име би било: компјутерска литература.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Утрината на 30 април во Битола се прошириле гласови за Солунските атентати и за големата паника што настанала во градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Основна причина за ширење на револуционерните идеи меѓу македонскиот народ во целина и одделно меѓу македонската младина била економско-општествената и политичката криза што настанала во Европска Турција во последните децении од XIX век, чии манифестации најочевидни биле во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Заснован е како изложба и мултимедиско искуство, што со помош на информатиката и интерактивните методи го запознава посетителот со развојот на цивилната правичност на целата планета, со нејзината нетолерантна историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Замислата за него настанала во Центарот Simon Wiesenthal.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Музејот не се служи со музеалните зафати за претставување на објектите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, во раното детство на човештвото, членовите на заедницата ги гледале оние кои биле поинакви онака како што се гледа во чудо за кое нема објаснување – како што се гледало во движењето на сонцето од едниот до другиот крај на небото, или како што се гледало во молскавицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лудилото настанало во исто време кога настанал и човечкиот род; можеби првиот човек, а тоа е оној кој прв рекол: “Јас”, искусил како тоа негово Јас се раскинува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веруваше дека со разумот може да се стигне до разрешување на загатката на постоењето, од која дарвиновата теорија за потеклото на човекот беше само почеток – она што требаше да следува по откритието како настанал човекот, беше – што е човекот, што е она во него што го прави она што е.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Уметноста го означува како прекинот со прареалноста, така и обидот да се излекува преломот кој со тоа настанал во човековата суштина.“ (Ернесто Граси) А Каде сме денес?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во една „метафизичка“ смисла имаме, значи, работа со две човечки ситуации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Актуелна, внимателна и луцидна во користењето помеѓу идеологијата - поим што на библиографскиот материјал, повремено дури и иновативна и го карактеризира ‘нашето време’ провокативна (што е нетипично за литературата од овој вид, тука, кај (“Современиот свет и човек живеат во духот на идеологијата”), нас), книгата на Саркањац бара повеќе од приказ (едно подлабоко и субјективитетот (поединецот) критичко читање), но ние, овојпат, имавме сила за толку... како “дифракциона точка на идеологијата” - онаа точка во која остварувањето на идеологијата мора да се прекрши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако настаната во периодот од 1989-1992 год, - во, како што самиот автор вели, „време на идеолошки превирања и превреднувања“, „време на ‘пораз’ на марксизмот - идеологија која ги обележи последниве сто години, - книгата нема намера да понуди содржинска анализа на марксистичката или на некоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Делото е настанато во текот на заробеништвото на сликарот во лудницата за криминалци, во Лондон, откако го убил татка си и се обидел да изврши уште едно убиство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Севкупните промени што настанаа во периодот 1993-2005 најдобро можат да се забележат од следната табела: Работен стаж во Максимален број Година години/број на плати на месечни плати 1993 2:1 12 2003 3:1 8 2005 5:1 6 Табела 1: Висина на еднократниот надомест при добивање испратнина Односно, ако во 1993 година на работникот со наполнет работен стаж од 25 години му следуваше испратнина во висина од 12 месечни плати, од 2003 тој имаше право на 8 месечни плати, за од 2005 испрат- нината, во неговиот случај, да биде преполовена на 6 месечни плати!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Далеку посуштински промени во врска со оваа материја настанаа во 2004 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, со ЗПИО се пропишуваше исплата на паричен надоместок за помош и нега не само за пензионерите со здравствени проблеми, туку и за лицата кои засновале работен однос како слепи, заболени од дистрофија или сродни мускуларни или невромускуларни заболувања, церебрална или детска парализа, параплегија, како и други заболувања или повреди поради кои не можат самостојно да се движат додека се во работен однос или таквата неспособност кај нив настанала во текот на траењето на работниот однос (чл. 89, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промените кои настанаа во врска со останатите прашања поврзани со паричниот надоместок се следните.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Паричен надоместок во случај на невработеност Помеѓу промените на одредбите на ЗВОСН најкрупни се оние промени настанаа во врска со паричниот надоместок во случај на невработеност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)