настане (гл.) - тишина (имн.)

Настана тишина гробна, во која само се слушаше како отец Стефан Лествичникот мласкаше со усната, во небрано ставен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Настана тишина која, се чинеше како да траеше вечност. Никој немаше сила да ја прекине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Настана тишина страшна и сите знаевме дека тоа е некаков знак што Господ го праќа до нас, а во врска со смртта на царевата ќерка. Но никој ништо не прослови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Настана тишина. Татко повторно се огласи: Некогаш новите балкански идиоми се чистеа интегрално од отоманските османските зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Игор Лозински запре. Настана тишина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)