наслушнува (гл.) - го (зам.)

3.4 Беседам со орелот Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Наслушнувајќи го животот на другите, на оние за кои веќе се пределе легенди, поетот си ја покривал душата со лажна лика, и онаму кај што не им достасувала храброст, убавина и големина на опеаните, тој, како мал бог што создава свои совршени и вечни суштества, им го додавал богатството на својот дух за восхит и за поука на современиците, да седат во вечерите крај огниште и восхитувајќи се да си ги испитуваат мислите не ли се и самите родени за големи дела и за песни од кои и воздухот со возбуда затрепетувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3.2 Беседам со змијата Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа народните поети ги раскажувале возбудливите настани развлекувајќи ги песните со волчи грла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)