напушти (гл.) - стан (имн.)

- Големиот, сериозен Бертран по неколку минути пак го напушти станот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Петкана Милевска навистина го засака ќатипчето. Износи „ластикени" чевли, „грчка" шамија; изеде со оки локуми, шеќери, портокали и други „залажачки", та дури дојде работата дотаму, да преспа месеци со него, бидејќи ќатипчето го напушти станот во конакот и се пресели кај чорбаџи Младена Милевски, „да не пречит на мудурот во конакот".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За жал, Саво со семејството го напуштил станот пред извесно време и се преселил на друго место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога излезе Пискулиев од дома, девојката, скршена, дојде кај Ордета и му ја соопшти пораката на стариот дека треба веднаш да го напуштат станот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А кога Господин Бертран пак го напушти станот со тресок на вратата јас сѐ уште збунета стоев во ходникот и се прашував дали се посомнева дека штотуку излегов од нивната спална соба во моментот кога тој влезе во станот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мораше да го напушти станот и да се чисти поскоро од овој крај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И сѐ почесто се носеше со мислата да не го напушта станот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)