направи (гл.) - толку (прил.)

Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега не е времето да се одделуваме од Бугарија, кога таа направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направи уште за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
О, Господи, кој направи толку гревови во животот за да заслужи секоја вечер да умира? * * *
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но, Гарванов не бил од оние луѓе што биле способни за Македонија да направат толку голема жртва: пред непријателскиот суд јавно да ги прокламираат целите на движењето по цена, евентуално, да биде построго осуден.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие тоа го направија толку егоистички, што заборавија да ја поведат и Наташа, и таа остана сама, дури и не знаејќи го тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- „Треба да се вдише свеж воздух - тоа е најдобар лек“ - ги слушна старецот зборовите на Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или се лажам и, додека заклучувам дека токму егзилот и емиграцијата се фактори што семејството Старова го направиле толку сплотено (заемно посветено, меѓусебно апсолутно верно...), наседнувам на доминантните протоемигрантски стереотипи и слепечки ја следам кривата трага?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се осмелувам да кажам дека е во прашање исконски, небаре библиски модел на среќно семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со долгите и исполнети молчења што поврзуваат посуштествено, неспоредливо побогато од сите зборови и декларации на овој свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)