направи (гл.) - нов (прид.)

Ова беше летото кога претседателот Кенеди стоеше покрај берлинскиот ѕид и говореше: „Јас сум Берлинец“, и ова лето беше последно пред бомбардирањето на Виетнам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, една ноќ наиде олуја и, кога дојдов следното утро, Елвисите беа толку уништени што морав да направам нови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бевме презафатени со пакувањето на Елвис и Лиз Тејлор за изложбата во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Направила нов фустан, без ракави и одгрлен, сета е како пеперуга.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во овие февруарски дни нашите трговски преставништва направија нови трговски договори за размена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Требаше многу време додека се направат нови куќи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја потпираше, и со бес, со ифрит во душата, викаше кон каменоломот, кон Танаил: „Пукај, мамето твое... Ќе блуеш пари за да направиш нова...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Слушнав дека сега истите тие луѓе направиле нова агенција, ја ставиле старата под стечај и отвориле нова.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна направив нова куќа, можев да поканам еснаф, бегови и паши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога го испративме вистинскиот мелинит, случајно се сменил лекарот во Деде-Агач и направиле нова проба - испратиле и во Цариград за проба и дознале дека е динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А, ете ги Ѓорѓовци. Еве ги кумашинците, чорбаци Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да видиме колку ти чини лозјето, па да направиме нов сенет уште колку ќе ми останеш борчлија и да ја свршиме работата...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еве, направив нова мешавина на тревки. Би требало од ова уше поарно да му стани на чупето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ќе се скрши грнето секој вистински грнчар знае дека е најлесно да направи ново ама и секој знае дека е врвно прашање на грнчарската чест да се залепи скршеното грне, да му се зацелат раните и пак да се направи нова празнина која да се наполни со нови не толку жешки тајни и не толку блеснати соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тоа Германците го имаат измислено за да ни земаат повеќе пари (Петрович сакаше да ги боцне Германците во секој згоден случај); а што се однесува до шинелот, изгледа, ќе мора да си направите нов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)