направи (гл.) - ист (прид.)

Сигурен сум дека зградите во киберпросторот ќе бидат направени така што ќе можат да го направат истото што и Таџ Махал, а тоа е да ве заштитат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќотекот што го изеде Рајна бил со таква намера: да извлече од неа признание дека е извршител на нечија порака!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што се однесува до оние будали од окупаторската власт, и тие направија иста таква лоша проценка како и вие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)