направи (гл.) - по (предл.)

— Повели, Јоване, еден ракија. На сабајлево убаво ќе дојдит да поткрепиме малку душите, оти доста и прошетка направивме по нивјето, — го покани пак Адем Јована, а Катето им ги подаде полните чаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што, а како тоа јас успеав да го направам по 15 години активно пушење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Загледани еден во друг направија по еден внимателен чекор напред, па уште по еден и уште по еден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На пример, видеото е направено по Втората светска војна поради радио-навигацијата за авионите и носачите на авиони. Така видеото дојде со војната.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Рече дека идната визита ќе треба да ја направам по три дена. Во понеделник. Во осумнаесет часот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сето тоа беше направено по идејата на Јана, поголем дел од нејзините раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)