направи (гл.) - споменик (имн.)

А на гробот негов му направија споменик на чијашто плоча изделкаа стебло со голем, ражилен корен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало ...
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Излегува Евто. Влегува Остоиќ.) ОСТОИЌ: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден Киро, добил „благодејание”, бил српски учител, била српско-турска војна, Турците го затвориле, сега е турски џандар. Каде се парите за поправка на покривот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Откако го обележа местото каде што ќе му биде гробот и приготви камења да си направи споменик, почесто навраќаше во гробиштата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
АНДРЕЈА: Ќе ти направат споменик кај мостот. Крал Петар на коњ, Крал Александар на коњ и Стево Андреевиќ на... коњ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)