направи (гл.) - план (имн.)

Туку, дедот Петко си оди, ете, со план. Уште кога тргна од дома си го направи планот. Ќе оди кај Карабуклијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека овчарите спиеја и сонуваа како ги тепа Велиага, што не ги пасат убаво бравите, Мирчевица го испече лебот и зелникот, a Толе со другарите ги прегледаа пушките и направија план за работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на мудурлакот во Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Екна борба во битолската револуциона област.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не ти треба диплома за бизнис менаџер за да си направиш план за инвестицијата, плус-минус бројот на свадби во годината, еднакво на профит.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гемиџиите направиле план преку подземен канал да стигнат до темелите на филијалата на Отоманската банка во Солун и со динамит да ја дигнат зградата во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој веќе го направил планот каде и што требало да се работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Ние, другар Џоџо, вели Никифор, ќе се повлечеме со Небеска за да направиме план.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го повика Сандрета и направија план.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)