направи (гл.) - куќа (имн.)

Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Вториот што ме посети беше Коте Буџе. Тој ми се пожали на три работи: прво, што на времето направил куќа на пат, второ, дека сакал да купи стан на отплата в град и, трето, работа во државно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Френк не ќе беше повеќе изненаден ако девојката го замолеше да направи куќата да може да оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со баба ти Родна направивме куќа, трета на Прокопиеви во Куманово, ж`та, со убав двор, во едно сокаче близу старата куќа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На неа го поминав сето детство, за неа скитав по светот да соберам пари, да направам куќа”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дрмон ќе ти ја направи куќата - ем сѐ што ќе најде ќе ти изеде и ќе ти испие, ем ќе ти ја испреврти куќата. И како да не бил тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но сѐ едно. Не сме ние виновни дека мајките нѐ родиле под патот што ги направиле куќите во овој дел од селово.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А знаеме сите: со фалење никој не направил куќа, не изградил друм!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ТАТКО МИ КАКО ДЕЛИТЕЛ НА ПРАВДИНА Се сеќавам на еден случај, за едно семејство дојдено од Босилград – направија куќа преку реката Луда Мара.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)