направи (гл.) - крст (имн.)

Мајка ѝ на Чана набрзина и она си направи крст, а уште повеќе што забележа дека и една друга група од другиот крај на просторијата одеднаш се крена со сѐ пљачки врз себе и се протурка низ луѓето до излезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Голем е Господ! и со широки замави си направи крст на градите!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Еда, сега земи ја водата, ми вели Маса Ќулумоска и на три места од ваганката ќе направиш крст, ми вели и еда, од сите три места ќе се напиеш, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Јано направи крст од сламки и стави на него трошка леб.“ Се тргна и погледна во својот шестгодишен брат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ами, како чини, бре Крсто, ајде кажи ни ти шо имаш направен крст на глаа со ножици за стрижење кози? Ајде, да те чуеме, кажи?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)