направи (гл.) - движење (имн.)

Тој се вомјази. Онака потсвиткан и висок, направи движења налево, па надесно, мало бледило му се јави на лицето, но остана да стои на местото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Алах да Ви ја умножи благоста, највисокодостоен, рече Софроние и зашто мислеше дека приемот е веќе завршен, направи движење кое ја потскажа неговата намера - дека е готов да си отиде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но воопшто не би бил изненаден ако... !“ и Парсонс направи движење како да гаѓа со пушка и цакна со јазикот наместо истрел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не, јас многу би сакал да ги собујам чевлите, навистина, - излажав и направив движење како да почнувам да ги собувам, - но дали ќе може да добијам влечки? - така, си мислев, смрдеата можеби и нема да се почувствува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Направи движење да се повлече, но... Што има?... - праша пак таа повелнички, неотповикливо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Татко ти никогаш не моча стоечки и немој пак него за сè да го обвинуваш! - повторно просаска тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)