направи (гл.) - некаков (зам.)

Но и Анѓа не направи никаков каршилак. И нејзе ѝ се виде дека оваа работа кога да е, јалова ќе излезе, и само попот може да се користи, та поповото излегување таа не го направи некаков маслават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѝ раскажа приказна на Ели, држејќи ја во скутот, ме пофали мене за двете петки на писмените работи од македонски и математика, направи некаков пудинг за по вечера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Станав да направам некакво движење, да се пробудам од светот на мојот предок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човекот со сор се напрега да направи некаква купа од гранки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)