наполни (гл.) - негов (прид.)

— Зошто машниш пците, бре ќерата? — Му се врекна остро на стариот и нанишани во Шарка, кој одеше напред пред другите пци и пред дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Аха! Сигурно имаат ојдено дрварите на чешмичето да се напиат вода", — си заклучи стариот и тргна таму да ги побара, да скрши некој и друг лав и да тргне некој и другпат од нечие луле, ако не му дадат да го наполни неговото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се обидував во отсутниот дијалог со Татко над ракописот на неговата Историја на Балканот низ падовите на империите, да сведочам за потрагата која ќе ја наполнеше неговата тишина, празнините во ракописот. Потрага која не престанува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)