напише (гл.) - писмо (имн.)

Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакав да му пријдам на небото, да ти цртам мурали во воздухот, да ти напишам писмо над писмата. Со собното сонце не муабетам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ташко прв тргна накај куќата. Притисна на ѕвончето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така сторивме. И јас ѝ напишав писмо исполнето со почит и љубов.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ни се пристори цела вечност додека стоевме пред затворената влезна врата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обидува да напише писма до Фјодоровиот пријател писател и Фјодоровиот пријател доктор за да ги праша дали знаат нешто за оваа болест на лебдеење за која тешко се осмелува да го испише зборот “болест” но сепак го испишува - повеќе од страв отколку од потреба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ним подоцна ќе им напишам писмо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седнав и ѝ напишав писмо дека имам желба пак да го посетам Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Веднаш им напишав писмо на моите за тоа како поминав по пат, за моите први импресии од Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Слушај го ова! Пак чита: „Речи му некому да ти напише писмо и да ми кажеш како го врзувате животот, како го туркате.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Човек треба кога ќе се роди да си напише писмо, вели Јон, а кога ќе умре да го добие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште утре ќе ѝ напише писмо на тета Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш Сами со англискиот јазик кој го совлада самиот и го зајакна при својот прв престој во Лондон, ќе му напише писмо на амбасадорот Али Фетхи Окјар во Лондон Историјата беше побрза од нејзините илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислеше дека ќе е поарни поинаку и седна да напише писмо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа тој им ги смекна срцата, смекнат и самиот толку што веќе не се лутеше кога бабите го повикуваа - „Шпион! Дојди да ми напишеш писмо за синот“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа тој реши да ѝ напише писмо на нејзината внука, длабоко убеден дека напишаното првин ќе го прочита тетка Асја, и дека заради нејзината добрина и почитта што таа ја имаше кон него, работите ќе се променат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Хелвиг посакуваше да ѝ напише писмо на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колку долго време требаше да помине, додека Хелвиг се реши да ѝ напише писмо...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не можеше да верува дека Хелвиг нема да испрати пари, барем заради синот, ако веќе не сака да напише писмо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, утредента, кога се обиде да им напише писмо на мајка си и на сестрите, мораше повеќепати да го почнува писмото одново.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го моли да ѝ напише писмо...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И Крле стана и напиша писмо. Неда го прочита десетина пати, го измилува, го избакна, особено потписот и го кладе во малото ковчеже каде што стоеше исушена првата китка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во следните белешки се открива дека сум им напишал писмо на моите во Гаково, дека сум се отпишал од учителска школа и сум се запишал во гимназијата Цветан Димов и дека сум кај Нанчо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во кусите неделни денови го посетуваше гробот на дедото Костадин, палеше свеќи на него, водеше нем дијалог со сестра си Добра и со Чана, ама никако да се натера во долгите ноќи да напише писмо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не го газеше белото платно, одвреме на време ставаше по некое дрвце во печката, и облечена така како кога одеше на работа, времето го поминуваше крај масата со неколку бели листови пред себе во обиди да напише писмо до Добра или до Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само најстариот брат, кој го напиша писмото, не го покажуваше стравот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Напишавме писмо и до Москва, ама одговор нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнавме и напишавме писмо до ЦК на КПГ. Баравме одобрение за склучување на партиски брак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас, пак, седнав да напишам писмо на Мане Шнајдерот, да му кажам дека заминуваме за Кичево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури ни кажаа и кога ќе тргнеме и кога ќе бидеме во Скопје.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас седнав да им напишам писмо на моите да ме чекаат во Скопје, да се видиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нашите ги фатиле, но тие не сакале ништо да кажат, па им удриле ќотек и тие умреле, а нашите ги покриле со шаторски крила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За сѐ што сум одлучила му напишав писмо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Или е тој е нечиј сон, како што можеби сум и јас, и ти, и сите ние?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Штом е така, важно ли е дали тој постои; или дали е истиот оној што ти го напишал писмото; или се двајца; или...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)