напие (гл.) - топол (прид.)

Вистинско задоволство би било ако после долги патувања ќе се напиете топло чоколадо со цимет или топол чај по ваш вкус, можеби од мајчина душица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се напив топол чај. Така опуштена, како мече, се послав на топлата постелнина со бобичести шари и мирно заспав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Би си ја разгалиле душичката и со пилешка супа со рузмарин, а за десерт смокви со рикота сирење или најдобриот лек за да ја заблажите болката, парче чоколадна торта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моите, тапаците, си размислувам, некој сончев ден ќе ги испратам во Вилет*, да се напијат топла крв.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)