нанесе (гл.) - некој (зам.)

Се прашувал со грутчиња јад по сета става дали била скриен сведок на борбата со непознатите осуммина, на војувачката итрина или пребрзаноста на дружината прва да удри, дали го гледала крвавото умирање на оној што бил на нејзини години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почна да мисли, во ретките моменти кога ќе се сретнеше со свекрвата, дека таа смислува како да ѝ нанесе некое големо зло.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се сети на блесокот во очите на Ивана и стана несигурна во својата увереност дека Отец Симеон ќе може да му нанесе некое зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш ги повлекол рацете со желба да ја ослободи од чувство дека ќе ѝ нанесе некое зло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)