наметне (гл.) - свој (прид.)

Една зимна вечер, кога снегот ги беше покрил кошарите каде што ги затвораше своите двоноги животни — чифчиите, Адем го наметна својот курк, го зеде бастунот и отиде кај Кулиќевци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За таа цел во Софија во 1895 бил создаден Врховен комитет од македонски емигранти и печалбари во Бугарија кои биле под силно политичко влијание на бугарскиот двор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Формирањето на МРО и самостојното делување на македонските револуционери било неприфатливо за политиката на соседните држави поради што се обидувале на секој начин да го наметнат своето влијание во македонското национално револуционерно движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И секој молчаливо настојуваше да го наметне своето, другиот да отстапи и да се помири и примири.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поентата е да се изгледа единствен, да се наметне својот потпис којшто не повлекува ниту оспорување, ниту забуни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд, заземајќи го, како што веќе го зезеле, културниот простор на пародијата – на лажното, на изведеното, на несоодветното, недозволеното, на несериозното – имале само еден начин јавно да ја наметнат својата тага, и тоа со прифаќањето на општественото обезвреднување на своите чувства преку пародичната, претерана, мелодраматична, самоисмевачка, гротескна, експлицитно одиграна стилизирана изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми го наметнува својот заклучок и повеќе би сакал да бидам овца, што не сум, отколку некое музичко дело да ми го наметнува своето правило.  К: А што ќе правиме тогаш ако некој ни го наметнува тој начин, ако тоа нѐ доведе до револуција, тоа наметнување?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еразмо беше тивок, молчеше, седејќи како бела скулптура, врз која „староста“ забележително почнала да ги наметнува своите сенки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Почитувач на туѓите јазици затоа никаде не го наметна својот!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)