намами (гл.) - во (предл.)

ТЕОДОС: Ѓаволот нека ти то носи: ќе те чекам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Штом ќе изгрееше сонцето, орлите, во јата, ќе јурнеа од сртот на Потковицата спрема Беговски Ливаѓе, а лукавите штркови ќе ги намамеа во блатата, и тука, на земја, ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка ти, црната кралица, не може да прежали што не те поседува на јаве, па затоа ќе те намами во сонот, со додека не полудиш и не отрчаш кај неа, во подземното царство“...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но бидејќи сме измамени, и со измама самите себе сме се измамиле од сопствената свест, те. од личниот свет на доживување - таа единствена смисла со која би можеле да го даруваме надворешниот свет - резултат на тоа прилагодување на општеството, е тоа што истовремено сме намамени во илузијата дека секој од нас е издвоено, „со кожа обвиткано его”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лозјето... Ѓаволот ме намами во него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му го намириса итрата лисица јадењето и го намами во шумата, демек таа имала поубаво јадење да му даде.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)