налее (гл.) - во (предл.)

„Мислам на тебе често,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Доволно пиев,“ рече, и одново плати да му налеат во празната чаша, па се оддалечивме од масите на кои точеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам како е сега, добри мои, не знам како вие се однесувате и како ги сфаќате своите учители, но ние, убаво се сеќавам, секогаш сакавме да им подметнеме, да ги подлажеме, да ги надитриме, да забушиме; секогаш убедени дека учителите постојат само за да ги измачуваат децата, да им налеваат во главите некакви непотребни знаења, да им ја ограничуваат слободата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Веќе заинтригиран, го набљудувам пријателот Хорацио како си налева во чаша.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Мастиката ти е со снег, момче! - го фалеше Чауле пијалокот на Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чауле зеде нова чаша со мастика и налеа во неа од водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)