налага (гл.) - време (имн.)

Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и оној кон кого беше упатена љубовта од оној кој љубеше беше воздигнуван како небесно суштество, а така се потиснуваше во себе она што беше сметано за животинско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите овие зборови, и покрај низата синоними коишто ги налагаше времето, остануваа и натаму во живот во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивното пренесување од генерација на генерација, нивното жилаво одржување преку влегување во спрега со други зборови, тешко можеше некој да го искорени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)