накваси (гл.) - уста (имн.)

Сите се стоплија со вашата чорба, сите заголнаа.... ред е и ти малку да наквасиш уста!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Првин почна да ја мачка со винска киселина. Имаше чуено дека и Исус Христос, кога бил распнат на крстот, побарал винска киселина. Само малку да му ја наквасат устата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главата на Ѓувезија Дубровска со денови мирисаше од винска киселина. Но косата и понатаму ѝ паѓаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)