надуе (гл.) - гајда (имн.)

Помина ручекот велигденски, се најадоа мажите, се напија, дојдоа пак жените да ги земаат тепсиите и се надуја гајдите на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сотирчо е готов да ја надуе гајдата како што вели мајка им, тешко му е да биде така влечен, а згора на тоа денот се смрачува, горе на небото како да се насобраа црни облаци и од време на време росолеа, пуштаа ситен дожд за дојденците да се намачкат сосема со кал и да се намократ и нивните бовчалаци, вреќи и сандучиња, како и самите тие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој ја наду гајдата и викна да пее колку грло што го држи, бидејќи целата таа радост се правеше за него и тој со полно право се веселеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Оти плачете, бре, ги прашувам војниците, што сте ги надуле гајдите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)