нагризе (гл.) - малтер (имн.)

Се раскуќуваше додека ја лечев Од змиски легла, од нагризан малтер Од садови со згустена глад, од тишина Од поглед кон првата ноќ на снегот Од просторот што лесно се одгатнува Од заминувањето, од страста, од вечноста.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Збор по збор, огништа, кошули, одаи, Збор по збор, голиштарци, куфери, прозорци Збор по збор, гости, јадења, лоши зборови Збор по збор, несон, наковална, сачма во крвта Збор по збор, нагризен малтер, згустена глад Збор по збор До заминувањето, до страста, до вечноста. Вечна Куќа.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)