навраќа (гл.) - на (предл.)

Секогаш го чувствувам твојот воздух околу мене и во мене, и ме навраќа на првиот миг...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ова посебно нагласување на терминолошката дебата што се води на англиски јазик, повторно нѐ навраќа на проблематиката на English Translation Studies, каде системот на вредности го води главниот збор во изборот на терминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но да ги оставиме козите и лудите крави... Вие повторно се навраќате на Татковите книги по вашите повторни читања.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Фала за прикаската“, задоволно му вели Летка и не се навраќа на прашањето што пред тоа му го постави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)