навикнува (гл.) - на (предл.)

Беше чудно како човек се навикнува на сѐ, па дури и на ова најстрашното што ни се случи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
4.8 Сега навикнувам на живот Надвор од времето Во кое, наслушнувам, Рика ноќта како болен бивол Пред наносите на раздробена срча.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ѓаволу волшебен, опсесијо! Опсесијо моја, време се навикнувам на тебе се навикнувам на себе па почнувам и јас, налик на владетел семожен да мислам. Да се умислувам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полесно се навикнуваат на обврските, оти од сега натаму нивните задачи се големи!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)