наближи (гл.) - кон (предл.)

Но сега наближува кон она што навистина претставува нејзино губење на здивот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можно е таа да се побрка со историјата која ги поврзува техниката и логоцентричната метафизика веќе три милениума.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се спуштив по Галата, покрај Галата Кулата и преку Караќој наближив кон стариот (ески) мост.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пеперугата Каја оддалеку почувствува дека наближува кон прекрасната градина.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога наближив кон местото, во првиот момент просто се сопнав од изненадување: голем дел од поранешното лозје, сиот простор околу дупката, беше полн со народ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Толку работи се придвижија во мене...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И еве, гледаме како тој, забавувајќи ја брзината по десетина метри, се наближува кон трибините и со подигнати раце им отпоздравува на навивачите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само волци кога ќе наближеа кон селото, или аскер ќе втрчаше на своите силни коњи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Првиот волк веќе сосем наближи кон плевната, а другите, како по договор, како да исполнуваат некој прецизно замислен план, се распрснаа лево и десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слушаме стапки што кроце и тихо наближуваат кон вратата и тука застануваат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога наближија кон пумпата Радуле ја зрграпчи рачката на железото а Стојна се напупи веројатно за да се плисне и да си го разлади спотнатото лице.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)