наближи (гл.) - време (имн.)

Наближи време за тргнување на возот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За миг, им се оттргна на безизлезните размислувања, кога на часовникот забележа дека наближува времето на закажената средба во Судот, со другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ќе наближеше времето за училиште доаѓаше тетка Рајна, далечна роднина на татко ми, која остануваше со Ели неколку часа, додека не се вратеа мама и тато од работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога наближи времето за патување на годишен одмор, едно утро Љупка и Сашко ѝ рекоа на мајка им: - Мамо, годинава некако не ни се оди на одмор...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)