молчи (гл.) - додека (сврз.)

Гаврани не грачете, секавици не секајте од рид до рид, славеи за миг замолкнете и молчете додека земјата не налегне врз младоста што ја прими...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долго молчеа додека пак, Србин рече: - Не сме ние со таа среќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги стегаше забите и дишеше длабоко на нос, настојувајќи да молчи додека може.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Молчев додека ручавме. Откако ручавме, се осмелив да прозборам: „Драган има денес роденден. Сите сме поканети од шест... и...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)