молчи (гл.) - со (предл.)

Јанче долго молчеше со погледот закован во трпезата, разговараа тие тројцата сами, во гостинската одаја, а кога го управи на Дамческите, во нивните очи виде иста таква беспомошност каква што го имаше него навасано.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А јас молчев Со главата меѓу дланките, Сонувајќи го вулканот Што сега ме облева Со жештина што гори Во табаните, Во слабините, Во слепоочниците.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Таблите над плочките од подот беа поткренати половина метро, а тоа оставаше впечаток на отвореност која двајцата, додека молчеа со спуштени погледи пред себе, ја чувствуваа како простор изложен на провев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Молчев со наведната глава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Молчеше со зацрвенето лице и со онаа десна рака истурена напред на масата како што ја држеше секогаш кога нешто докажуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Симон стои сред кујната, молчи со навалени очи, а дури по едно време, вели: Има и јунешко и пилиња пилко. Гледај како сакаш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Молчат со откочени пушки, но срцето им се слуша дури надвор. Живот мила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога човекот се освести, закова очи во таванот и со никого не сакаше да разговара. Молчеше со денови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога завршив со раскажувањето другарите молчеа со подотворени усти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Коле се јадеше и сите нѐ обвинуваше: - Ви велев ли јас да го чукнеме уште еднаш, а вие викавте: „Доста му е. Готово е.“ Гледате ли: ништо не му станало. Молчевме со наведнати глави.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Молчев со наведната глава и се чувствував како виновник - можеби нацртав лоша сенка. - Како папагал без крилја...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И пак молчи со обесени образи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)