молчи (гл.) - чека (гл.)

Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеби Иван Степанович воопшто не се надевал дека синот ќе дојде на светов со главата на Ролан?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или, и пред да го вчудовиди таа сличност, бил упатен во врската на жена си со Ролан, но молчел чекајќи да го види крајниот резултат на таа врска и какви последици можат да произлезат од неа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)