моли (гл.) - нешто (зам.)

Кога ќе почне да ме штрека, се молам нешто да дојде и да ми ја изеде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Еден од Брезница, речи, ќе те моли нешто!...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)