може (гл.) - секогаш (прил.)

Повторно сум онаму каде што можам секогаш да те најдам во сенката на мракот.. во постојаноста на животот.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Какво неразбирање! Мудроста да не се очајува што не можат секогаш да се ускладат желбите со можностите - таа ја изедначува со бедата на христијанското помирување...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А дедо му не можел секогаш да раскажува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се чудеа Роска и Радица како можеше секогаш да ги пронајде, иако честопати го менуваа местото на нивните средби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овој одговор малку ме поуспокои, иако на старата не можеше секогаш да ѝ се верува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Само едно“, рече, „не можеш секогаш со сигурност да се потпреш на пишувањето на Барт.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не можам секогаш и точно да определам што мисли, зашто не зборува по наше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас не можам секогаш да мислам на твојата болница. тоа заморува, убива.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нам не можат секогаш да нѝ се допаѓаат исти нешта.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што му е тоа, што му е, пак, сега? Живко можеше секогаш да те изненади, но сега повеќе би очекувал од него да извади од џебот шишенце тоникум за гаргара на грлото. - Не? Ни ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ѓавол да го носи срцето, тоа не разбираше секогаш, не беше послушно срцето, не можеше секогаш така да одговара.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но модата од каталогот, во нејзиното гратче, можеше секогаш да си остане нова.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сретна некои од нив. Можеше секогаш да смета, на другиот брег, на нивната возвратна добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)