може (гл.) - самостојно (прил.)

Покрај тоа, со ЗПИО се пропишуваше исплата на паричен надоместок за помош и нега не само за пензионерите со здравствени проблеми, туку и за лицата кои засновале работен однос како слепи, заболени од дистрофија или сродни мускуларни или невромускуларни заболувања, церебрална или детска парализа, параплегија, како и други заболувања или повреди поради кои не можат самостојно да се движат додека се во работен однос или таквата неспособност кај нив настанала во текот на траењето на работниот однос (чл. 89, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа му беше десна рака на татка си кој, пак, ѝ имаше купено пиштол за да може самостојно да се движи и без страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Светски познатата фигура Бентреш од времето на Рамзес XII можела самостојно да се движи и да ја мрда главата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)