може (гл.) - постепено (прил.)

Низ геј-литературата можев постепено да си го осознаам местото во светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Појавата на таквата фикција во изминатите неколку десетлетија ми донесе радосно, поучно и нужно искуство – со еден вид епистемолошки пробив – бидејќи ми овозможи, најпосле, да читам за луѓе како себе и да си ја сфатам пошироката состојба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако можам, би сакал да ги испочитувам дострелите на геј-мажите кои, од Стоунвол наваму, пишувале, на англиски, романи, раскази и драми за машкиот геј-живот и чии дела толку ми значеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што стрејт-читателите отсекогаш правеле со главнотековната книжевност, најпосле можев да читам фикција во која ќе можев да видам како се отсликува мојот живот, како се истражува, анализира и преосмислува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не морав веќе, некако, да се внесувам себеси во тие визии за животот што ги создале негеј-писатели, без разлика колку се стремеле да бидат хумани, длабоки или инклузивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)