може (гл.) - понекогаш (прил.)

Но познато е какви непријатни последици може понекогаш да донесе одлагањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Има кај нас некои обичаи што сами по себе не се лоши, ниту некој помислува дека не чинат, а сепак од нив може понекогаш да произлезе незгода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој гледа дека правичноста може понекогаш да уроди со суровост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еден збор, еден поглед, најмала ситница можат понекогаш да предизвикаат бура во нашата душа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите со кои што досега зборував рекоа дека некако успеваат да надминат некои од поривите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така, бидејќи можат понекогаш да го okno.mk | Margina #4-5 [1994] 31 надминат поривот, се покажува дека поривот не е веќе неодолив а соголувањата воопшто не се неволни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Дождот може понекогаш да биде прилично незгоден, рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А кога го крстивме, кога попот и другите луѓе се чудеа на неговата невообичаена големина, ти им објаснуваше дека и доктор ти рекол дека такво нешто може понекогаш да се случи кај некои мајки; тоа зависи од мајката, од исхраната, од движењето и времето во кое се раѓа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако некој падне во некоја криза, другите го чуваат и се врткаат околу него за да не направи нешто лошо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И многу добро се разбираме едни со други, на пример, јас можам понекогаш да разговарам со еден што одговара само со бесмислени звуци…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)