може (гл.) - подобар (прил.)

Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој ги изми прстите колку што можеше подобро со ладната вода од чешмата и се врати во другата соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Длабоко, некаде во длапките се криеше изострен ум, а тој можеби сакаше да остане во тишина, како би можел подобро да создава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Некои од тие сврзници нужно е одвреме навреме да се подзацврстуваат, да зајакнуваат, да им се помага... за да можат подобро да се сврзуваат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека ја слушаше, докторот со прстите ѝ ја милуваше косата, ѝ ја местеше перницата за да може подобро да дише, ја водеше низ лавиринтот на нејзината несигурност со мудрост и нежност за какви што никогаш не ни сонувала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си ја растресува главата како да сака да ја разбистри, но ништо не се менува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога некој би можел да ги совлада овие елементи, би можеле подобро да гледаме во мрак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Целиот нејзин живот е мрежа на интуиции, почетокот на зборови, како неон и свод, бор, топаз, сенка, но тогаш бебето почнува да плаче.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)