може (гл.) - некогаш (прил.)

Господи, сине, зар можело некогаш да се случи и тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ај, ако можеш некогаш јави се, затоа што јас не можам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас не можам да ти напишам акт - се моли горниот наслов, како што не можев некогаш што и да било да ти напишам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури и кога би постоело легендарното Братство, што беше малку веројатно, беше незамисливо дека неговите членови би можеле некогаш да се состанат во поголем број отколку во двојки или во тројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зарем и прелагата можела да го има лицето на вистината?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)