може (гл.) - некаде (прил.)

Во театарскиот живот, исто така, има доволен број пикантерии, но нив ретко можеш некаде да ги прочиташ, уште помалку, да ги слушнеш.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еротичната напнатост ја досегна изненадувачки својата кулминација, и Младичот почнуваше бладајќи да се прашува дали би можеле некаде да се ебеме, заклучно ова прометно место, предвидувајќи дали некој би поминал.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да ти се клекнам на умот, ако можам некаде да ти го најдам, му велам, оти умот стои в глава, а ти го носиш во газот, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ќе заспијат децата, би можеле некаде и да излеземе, но каде би оделе без децата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)