може (гл.) - кога (прил.)

Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но зошто од тебе да правам великомаченик? Тоа можам кога сакам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зашто прво нешто како бум- бум им се чу, а тоа да ти биде дека тие се враќаат назад на фронтот, еве сега ноќе, што можат кога така им е напишано ама барем да се поздрават.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)