може (гл.) - директно (прил.)

Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, додека димензијата радикализам-конзервативизам може директно да се интерпретира во термините на вредносните системи, димензијата демократичност-тоталитаризам го подразбира и ставот кон државното уредување, односно определувањето за одредена општествена форма на уредување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Или можеме директно кај него дома - тоа е на два чекора. Како претпочитате вие?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа беа вести од насловната страна, и на луѓето тоа им беше занимливо бидејќи се случуваше нешто што тие не можеа директно да го видат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)