мие (гл.) - рака (имн.)

Да се разминуваш, да изустиш добра вечер, о, светци, а тие, се загледуваат во тебе, незнаен и непознат за нив, и те поздравуваат: ти првпат миеш раце во облаците?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
МАЛИОТ: Како медицинска сестра или сунетџија…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Оди до клозетот. Ги мие рацете и излегува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Некој му најде и тој пак нешто рече, но освен константното дување во моето уво „ајде да одиме надвор“ од Младичот кој ги мие рацете, не можев многу да разберам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Наминав до една продавничка која, како и типовите кои отпрвин бараат запалки а потоа си ги мијат рацете, знаеше да направи да се чувствуваш најаден, за прилично висока цена поради недостиг на конкуренција во зачмаената ноќна смена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да, секако дека беа таму: и Типот кој ги мие рацете, и другарите од празните рамки, и Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост).
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој ден не се туширав, ниту ги миев рацете, за да ми остане мирисот на Луција на рацете и околу вратот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(Сите стануваат и си ги мијат рацете).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А. ПАВЛОВНА: Ти реков дека тој отиде да ги мие рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лекарот си ги мие рацете и се смее, настрана му бега водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Реториката на Томасини едноставно ги преотсликува и ги открива сегашните услови под кои геј-луѓето по правило се примаат во јавната сфера – а особено во официјалниот дискурс на вестите: околу нашата различност од нормалниот свет се прави чалам, но од неа и се мијат раце.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека ги миев рацете, почнаа да доаѓаат жени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се свртев, го здогледав девојчето како плаче, а кога го прашав зошто плаче, тоа ми рече дека од тоа брашно така не се месело, нивните соселани поинаку го меселе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
JOH Кога се свапери Сребра Лишка дојде еден човек и на татка му вели: - Се сваперила дека не сме префрлиле вода преку рамена, вели, и дека со немиени раце сме ручале по закопот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)