меша (гл.) - малтер (имн.)

А архитектот треба да ги следи сите тие културни-историски-психолошки-социјални турбуленции и, земајќи ги предвид, и понатаму треба да “меша малтер” и да гради домови за сите тие смртно исплашени суштества (ко нас).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А навечер подготвуваат концерти, или балетски претстави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Преку ден мешаат малтер, носат песок, заковуваат штици, или копаат по нивите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)