меша (гл.) - сѐ (зам.)

По повод карневалот 1627-та, Војводата Савојски наложува да се изведе балет во кој дванаесет карпи оживуваат и почнуваат да танцуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И така, во тивок занес, во дијалог кој го надминуваше интелектуалното ниво на двајцата балкански автодидакти, посебно во доменот на лингвистиката, минувајќи крај последните дуќани и занаетчии, крај џамии и анови, стигнаа во срцето на старата чаршија и тука влегоа во една чајџилница спроти Мустафапашината џамија, од чиј шадрван во градината жубореше водата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Почнавме да ги месиме и триците, крмата, да мешаме сѐ во лебот: и јачмен , и уров, и компири, и граор, и пченка, и тикви, и грав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светот станува „реверзибилен“: онаа Кирка на високиот маниризам не ги претвора само луѓето во животни, туку лесно меша сѐ!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да именуваш значи и да овековечиш, значи да го извлечеш именуваното од хаосот, каде што времето меша сѐ!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)