менува (гл.) - распоред (имн.)

Некои се задоволуваат со тоа што ќе сменат чорапи, некои други се поамбициозни и менуваат фризура, некои го менуваат распоредот на мебелот во дневна, некои менуваат работно место, некои брачен партнер, некои одат дури дотаму што ќе се променат себеси...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мајка уште кажуваше дека Татко, пред исчезнувањето, неколку пати го менувал распоредот на своите книги, ги доближувал до одговорите кои ќе ни се наложат како неопходни во времето кога него ќе го нема.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)