мачи (гл.) - и (чест.)

Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ги мачеше. А ги мачеше и селаните што не купиле пушка. Ги тепаше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Овој е умрен, ќе рече, да не се мачиме и со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На трчање креваш нешто од земјата, се мачиш и земјата да ја натераш по тебе да тргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)