мачи (гл.) - и (сврз.)

Она за што зборува Офтика во монологот, пред стотина и повеќе години го мачело и рускиот писател, Николај Василевич Гогољ. Од таквата мака излегла повеста „Нос“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секогаш на тоа мислеше, во сите тревоги: кога неговите се мачеа и кога беа весели.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тајната остана нерастајнета, грутката со години ме мачи и измачува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
— Утре ќе го закопаме на закон, рече баба, зашто човекот ќе дојде и ќе ни раскаже како е убиен, дали многу се мачел и дали нешто рекол, дали нешто порачал кога умирал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откако никој од нив ништо не најде во келарите и амбарите тоа за што беа дојдени, одделија шестмина мажи и ги одведоа на Св. Илија, надвор од селото, Таму ги мачеа и на крај им ги посекоа вратните жили и пршлените и така ги оставија да искрвават.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Доста ми е: сум протерал преку глава дваесет и пет илјади денови, па зар сега да се мачам и да пекам за уште, и тоа за јадовни, тегоби?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Луѓето над него се мачат, а и тој се мачи и истрпнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се кријам и од Јона: да не го гледам кај што се мачи и да не ме гледа тој кај што се мачам. Поарно за обајцата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бара некој пат што не се гледа, се искачува, се мачи и се одделува, се одделува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)