мати (гл.) - радост (имн.)

Пак ја местам во санката бледата, растреперена Надењка, пак летаме во страшната пропаст, пак ветерот фучи и лизгалките на санката треперат, и пак, кога санката најбрзо и шумно лета, јас велам полугласно: – Ве љубам, Надењка!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја гледам, се бори со себеси, како да сака нешто да каже, за нешто да праша, но не може да најде зборови, неудобно ѝ е, просто страшно, нешто ѝ ја мати радоста... – Знаете што? – вели таа, не гледајќи во мене... – Што? – прашувам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)