манифестира (гл.) - свој (прид.)

Тие биле сосема свесни дека комунистите, кога-тогаш, ќе ја манифестираат својата приврзаност кој СССР, пред сè од идеолошки причини.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тука сме собрани на овој балкански плоштад на слободата да ги манифестираме своите цивилизациски сфаќања!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И затоа не би требало да биде изненадување тоа што британскиот фелдмаршал Сматс, во упатеното писмо до Черчил, ќе нагласи дека и покрај нивната помош на Тито, НОВ и ПО на Југославија не се однесувале лојално и дури сосема бил во право кога сметал дека Титовата "супремација во Југославија" ќе им наштети на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Личноста која зела дрога не може да го манифестира своето ново “разбирање” бидејќи не постои ништо што би можела да го верификува во однос на реалноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)